Целиот живот ја криела од сопругот - му се срушил светот кога ја отворил

 

Тајната на една жена која цел живот ја криела од својот сопруг е резултат на советите кои ги добила кога била девојка. Благодарение на тајната мажот и жената биле во брак 60 години. Жената си чувала една кутија на врвот на ормарот и му кажала на сопругорт никогаш да не прашува за неа и да не ја отвара, брачната двојка немала тајни еден со друг единствено во таа кутија не знаел што има ненјзиниот сопруг.

За сите тие години сопругот ни еднаш не ја отворил кутијата, но дошло време кога таа се разболела и и се броеле последните денови од животот. Тогаш го замолила сопругот да и ја донесе кутијата, и му рекла дека дошло време тој да дознае што се наоѓа во кутијата.

Во кутијата се наоѓале две крпени кукли и купче пари, кога ги изброиле парите имало околу 100 илјади долари. Сопругот ја прашал жената што значи тоа?

-Кога бев мала, бабами ми ја кажа тајната на успешниот брак. Ми рече секој пат кога ќе ме налутиш, да премолчам да направам една кукла и да ја ставам во кутијата.

Мажот се расплакал бидејќи во кутијата имало само две кукли, па претпоставил дека неговата жена само два пати навистина му се налутила.

-„Мило ми е што гледам само две кукли но мила од каде сите овие пари“?, прашал нејзиниот сопруг.

-„Па тоа се парите кои ги заработив продаваќи ги сите кукли“, одговорила жената

Анегдотите постојат за од нив да извлечете корисни поуки.

 
 
26.02.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега