ВИДЕО: Љубовна приказна која ќе ви го стегне срцето

Американскиот бренд „Ехтра“ реши да го расплаче светот. Во новата реклама со назив „Втора шанса“ сведочиме на љубовна приказна помеѓу Џесика Лангевин и Маркус Декредициј.
Двојката се запознала уште во градинка, а тогаш животните патишта им тргнале во различни насоки. Џесика се омажила, а потоа и се случи трагедија. Нејзиниот сопруг загинал во Авганистан додека таа била бремена со ќерката Зои.
Во исто време Маркус поминува низ големи промени во неговиот живот. Тој станал самохран татко и решил да се врати кај неговите родители. Тогаш повторно се сретнал со Џесика и помеѓу нив почнала да се раѓа љубов.
Нивните две мали семејства се споиле во едно. „Џесика ме спаси, ме направи подобра личност. Таа е мојата среќа“, гордо изјавува Маркус.
Со помош на ќеркичките Зои, Аливија и Малро тој решил да ја побара Џесика за сопруга. Тој момент го забележале и камерите и од снимката настанала реклама која нема да ве остави рамнодушни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









