Научниците објавиле предвидувања како би можел да изгледа светот во 2116 година

 

Огромни облакодери, подводни градови ќе бидат стварност за 100 години. Така пишува во извештајот „Смарт тингс фјучр ливинг“ кој го нарачала фирмата „Смарт тингс“ а во чија изработка учестувале група научници и футуролози.

Стручните лица меѓу кои има архитекти и урбанисти претставиле „градови-балони“ кои би требало да се наоѓаат под море, а сметаат дека лични дронови ќе бидат главно превозно средство.

– Нашите денешни животи скоро се непрепознатливи ако ги споредите со оние пред 100 години. Интернетот во целост на смени нашата комуникација, начинот на учење и како ги контролираме животите. Пред 10 години, технологијата како „смарт тингс“ беше незамислива, а денес овој развој ни овозможува да надгледуваме, контролираме и да го осигураме својот животен простор со помош на допир на паметните телефони – вели д-р Меги Едернин Покок.

Во извештајот пишува дека во иднина ќе може да печатеиме мебел, но и цели куќи. Сите ќе имаат виртуелни деловни состаноци со помош на холограм, а луѓето ќе може да „печатат“ дури и храна.

Се предвидува колонизаија на Месечината и на Марс како и секојдневни патувања во вселената.

 
 
17.02.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега