Крвав инцидент во Гостивар - гостиварчанец при тепачка ранет со нож
![]()
Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар млад гостиварчанец бил физички нападнат од сограѓанин.
Се работи за 30-годишниот Б.Д. кој додека управувал со автомобил марка „опел астра“, бил сопрен од комбе од кое излегол 28-годишниот Б.Н. кој физички го нападнал, а Б.Д. со цел да се одбрани со нож му нанел својот сограѓанин неколку убодни рани во пределот на рацете и рамењата.
Б.Н. е пренесен во Медицински центар Гостивар и задржан за понатамошно лекување.
ФОТО: Скај









