Колку калории треба да внесуваме дневно за да ослабеме?

1. Колку калории ни се потребни дневно?
Број на калориите кои ни се потребни во текот на денот: На поголемиот дел од тинејџерите и возрасните им се потребни помеѓу 1.500 и 2.500 калории, дневно.
2. Колку влијаат калориите на тежината?
За да ослабете половина килограм, би требало да согорите 3.500 калории со вежбање, или да го намалите нивниот внос. А за да изгубите половина килограм неделно, потребно е на дневно ниво да го намалите вносот на калориите за 500. Секој грам јаглени хидрати има четири калории, секој грам протеини има четири калории, а секој грам масти девет. Наместо 250 калории од чоколадо, подобро би било да направите комбинација со 250 калории од неколку различни извори, на пример, банани, јаболки и круши.
3. Колку физичката активност влијае на калориите?
Било која физичка активност бара енергија, па зголемената активност со ист внос на калории во ткот на денот ќе ја зголеми и нивната потрошувачка. Исто така, со тренингот со којшто се гради мускулната маса го забрзува вашиот метаболизам, што значи дека на телото му се потребни повеќе калории – дури и кога не вежбате многу. Изградбата на мускулите е добар начин за да постигнете здрава телесна тежина.
4. Како да следиме колку калории сме внеле?
Најобично да запишувате на парче хартија колку сте внеле во текот на денот, односно да водите дневник на исхрана. Истотака постојат и бројни веб страници коишто ви нудат можност да следите колку калории сте внеле, како на пример Calorie Count.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









