ВМРО-ДПМНЕ: На 24-ти април СДСМ ќе се казни за својата деструктивна политика

 

СДСМ има потреба бесрамно да лаже и да манипулира бидејќи не знаат како да се извади од скандалите во кои се заглавија до гуша со фабриката за афери на нивниот партиски член Захир Бекири Чаушот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Оттука тие не бираат тема на која ќе пишуваат соопштенија. СДСМ се дрзна да зборува за Македонски шуми, претпријатието кое тие го оставија со долг од над 30 МИЛИОНИ ЕВРА само на име на неплатен ДДВ и уште 400 МИЛИОНИ ДЕНАРИ неисплатени придонеси на вработените.

СДСМ е партијата која не само што не направи ништо да го врати овој долг, туку не мрдна со прст нешто да направи и да инвестира во Македонски Шуми, било да се работи во модернизација на механизацијата, било во условите за работа на вработените, било во зголемување на шумскиот фонд.

Состојбите во ова јавно претпријатие се драстично подобрени во споредба со времето на СДСМ. Тоа го говорат самите факти.

Катастрофата која зад себе ја остави владеењето на СДСМ во многу сфери и институции, вклучително и Македонски шуми не можат да ја исперат ниту една ваква ефтина манипулација.

Времето на СДСМ кога го лажеше и манипулирше народот одамна помина. Изборите на 24 април ќе биде денот кога СДСМ ќе биде казнет за својата деструктивна политика. Времето до народниот суд незапирливо тече.

 
 
13.01.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега