Моите пари се моја работа: Еве зошто јас и сопругот ги плаќаме сметките по половина

 

Сопругот и јас сме во брак речиси цела година и се уште имаме свој буџет. Сметките и куќните трошоци ги плаќаме по половина. За сега, допринесуваме подеднаков износ, за куќата, сметките, заедничките излегувања и прославикои ги организираме по дома. Остатокот од парите ги трошиме самостојно, кој као сака и за што му е потребно. Кога бев девојче, гледав како мојот татко секојдневно ја прашуваше мојата мајка каде и се парите и на што ги потрошила. Запишуваше се поединечно во својот тефтер и се изгледаше како огромен список за набавка. Млеко, па цената, леб, па цената, цигаи, работѕи за дома... и така секојдневно сметаше на што одат парите. Тоа не ми се допадна, па затоа кога се омажив сфатив дека делењето на парите нема никаква смисла. Помислив: Зошто би дозволила мојот сопруг постојано да ме испрашува на што ги трошам парите, или пак обратно. Изненадување е тоа што ваквиот начин на живот кај нас не предизвикува расправија, на нашите пријатели не можат да сфатат зашто финасиите ги држиме одвоено. Тие сметаат дека тоа нас не чини помалку семејство. Додека секој ја плаќа својата сметка, а потоа остава пари на страна, не поставувам прашања „ каде одат тие пари’. Ние сме партнери, но ја живееме и својата независност и планираме таков начин на живот да одржуваме и понатаму. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
12.01.2016 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега