Бидете внимателни - Ако видите пари на шофершајбна можеби и сте немале среќа

Кај крадците и измамниците бесконечна е листата на наоѓање на методи со помош на кои ни го одземаат нашиот имот. Ако направите само еден погрешен потег,можете да го изгубите не само автомобилот туку дури и животот за само неколку секунди. Затоа внимателно прочитајте го ова. Крадците не мируваат, деноноќно работата на изнаоѓање на нови начини да ве измамат, па така замислете дека сте го паркирале автомобилот во близина на супермаркет, сте биле во шопинг и се враќате со полни кеси го полните багажот и го стартувате автомобилот и забележувате на шофершајбната под брисачот како ви стои банкнота и тоа поприлично вредна.
Веројатно прво ќе помислите колку сум среќен, но тоа е само трик да ви го грабнат автомобилот. Парата ја ставаат токму таму бидејќи мора да излезете да ја земете.
Особено често ваквите работи се случуваат на паркинзи и гаражи, каде автомобилите стојат со предниот дел до ѕидот и парата ја забележувате токму кога сте подготвени да тргнете.
Вие ја забележувате банкнотата, излегувате од стартуван автомобил, крадецот влегува и моментално го вози автомобилот токму пред вас. Тоа се случува толку брзо што вие не стигнувате да реагирате од збунетост.
Внимавајте!
22.12.2015 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









