ВИДЕО: Што се случува откако еден месец нема да конзумирате шеќер и алкохол

 

Цел месец не конзумирал шеќер и алкохол и еве што му се случило на младиот Холанѓанец, Саша Харланд, кој одлучил да спроведе занимлив експеримент. 

Во почетокот се борел со нервозата и честите промени во расположението со оглед на тоа дека шеќерот и алкохолот го смируваат организмот кој може бурно да реагира кога овие намирници ќе се исфрлат од секојдневна употреба.

Неговата исхрана се состоела главно од овошје и зеленчук, пилешко, риба, мешунки и семиња. 

Дури по 25 дена се навикнал на новиот режим на исхрана, и потоа почнал да се чувствува добро и да има вишок на енергија. 

Здравствената состојба му се подобрила, притисокот му се смалил од 135 на 125, холестеролот му се намалил за осум проценти, но и шеќерот во крвта значително се снижил.

 
 
15.12.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега