ФОТО: Го фатила момчето со друга во кревет, па го објавила на Твитер

Сиот свет знае дека рагбистот Кертис Сиронен ја изневерувал својата девојка. Неговото неверство на социјалните мрежи го објавила неговата девојка, таа го хакнала неговиот профил на Твитер и објавила разголена фотографија од рагбистот и непозната гола русокоса.

Играчот на рагби екипата „Вест Сиднеј Тајгерс“ по овој инцидент го изгасил својот профил на Твитер. На контроверзната фотографија тој носи шарени боксерки, и лежи во кревет покрај гола девојка со која ја провел ноќта.

– Пред да почнам со оправдувањето, ова е причината поради која ме остави девојката која ја имам истетовирано на левата рака – пишувало покрај објавената фотографија.

Покрај тоа неговата девојка го одбележила и клубот за кој Кертис играл, со цел да ја видат неговата објава.

Својата одмазда девојката ја завршила со менување на неговиот опис на Твитер.

„Професионален прељубник кој ужива во животот – се зборовите со кои го опишала.

Неговите следбеници, се поделени со своите мислења. Некои автоматски го осудиле поради прељубата, додека други мислат дека неговата сега веќе поранешна девојка не смеела да ја објави неговата интимна фотографија. Трети пак заклучиле дека таа фотографија го направила пославен од неговто играње рагби.

 

 

 
 
03.11.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа