Мерлин се огласи по инцидентот: Еве што навистина се случи со мене и Хари!

Целиот регион пишува за наводниот инцидент на двајцата познати пејачи, кога според некои наводи Дино Мерлин го плукнал во лице фронтменот на групата „Хари Мата Хари“ во една сараевска кафеана.
Пред неколку дена во медиумите се појави наводно проверената информација за судирот на Дино Мерлин и Хари Варошановиќ.
Во јавноста на големо се полемизираше околу инцидентот, кога Дино реши конечно да се огласи по повод на оваа ниту малку пријатна ситуација. Тој за босанските медиуми изјави дека комплетната вест е „ноторна лага“, како и дека не треба да се верува на се што пишуваат весниците и порталите.
Малку пред тоа и Хари Варошановиќ ја наведе својата страна на приказната, првин потврдувајќи па потоа демантирајќи дека воопшто се сретнал со Дино и дека тој го плукнал. Последен пат се виделе пред година дена, беше последната изјава на Хари кој во последната изјава појаснил дека нема можност такво нешто да се случило иако пред само неколку дена го потврдил целиот инцидент.
Единствениот вистински податок е дека пријателството помеѓу Хари и Дино е нарушено минатата година кога се судриле мината година на Собранието на АМУС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









