Исповед на жена што немала секс повеќе од 17 години

 

Во денешно време, кога се е сексуализирано до крајни граници, просто е неверојатно некој со години да нема секс. Меѓутоа, многу луѓе со години „самуваат“ и немаат никакви интимни односи, само за тоа ретко се зборува.

Сузан сега има 55 години. Откако завршила нејзината последна врска, пред 17 години, имала само неколку интимни средби набрзо после тоа и оттогаш веќе со никого не водела љубов, пишува „Дејли мејл“.

Околу една четвртина од сите жени постари од 40 години воопшто немаат сексуални односи. Сузан, како повеќето од нив, се помирила со фактот дека повеќе никогаш нема да биде интимна со маж.

„Времето едноставно се извлече. Деновите се претворија во недели, неделите во месеци, месеците во години. Не ни се свртев, а сфатив дека сум долго време без секс“, раскажува Сузан.

„Кога ќе пораснете во среќно семејство каде што родителите се во среќен брак кој трае 50 години, нормално е да очекувате дека ќе имате некој кој ќе ве сака и со кој ќе остарете.

Мојата желба да почувствувам машки раце на себе, да се почувствувам сакана барем на момент е толкава, што дури размислував некому да се понудам само за секс“, раскажува Сузан.

Терапевтот за врски, Вал Сампсон, вели дека жените во 40-тите и 50-тите години можат да чувствуваат интензивна желба за секс како и младите жени.

„Некогаш се чувствувам толку тажно и осамено кога ќе сфатам колку време помина откако не сум била со маж“, раскажува Сузан.

„Моите пријателки некогаш се жалат дека нивните сопрузи често сакаат секс кога тие не се расположени, а јас им велам дека немаат поим колку се среќни што имаат некој кој ги сака и сака тоа да го покаже“, заклучила Сузан.

 
 
28.10.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега