Тијана осум години по големата загуба: Денеска ми е најтажен ден а морам да пеам!

Нашиот ангел Тоше Проески загина на овој ден пред осум години во страотна сообраќајна несреќа и ги скрши срцата на сите на Балканот. Болката и тагата по него дефинитивно не стивнуваат, бидејќи тој вечно ќе живее во нашите срца. Осум години по неговата смрт, голем број негови колеги и соработници се огласија со емотивни пораки. Меѓу нив се најдоа Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Адријан Гаџа, како и Тијана Дапчевиќ.

-Денес е еден од најтажните и најтешките денови во мојот живот, а морам да пеам. Не можете да замислете како ми е – кажала пејачката која вечерва настапува во Сараево и продолжила: Тоше беше мој близок пријател, а кога замина тој, почувствував дека загубив некој род роден. Не поминува ден да не помислам на него, особено кога сум во Скопје и кога ќе поминам покрај местата каде се дружевме, пеевме и забавуваме. Мојата кума Весна и јас го викавме бајадера, тој беше моето бајадерче-кажала Тијана со болка за српските медиуми и додала дека најлошото од се во трагичната приказна е што Тоше кој беше на патот на огромен успех, не ја исполнил својата мисија да ги лекува и радува луѓето со песна.
Тијана вели дека се додека се сеќаваме на него, додека го спомнуваме и ги пееме неговите песни, Тоше ќе живее и понатаму со нас.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









