Мајката и сестрата на Стефани му одржаа лекција на Ервин!

Мајката на Стефани од Големиот Брат е бесна на Ервин кој имаше односи со нејзината ќерка, а потоа призна дека ја сака Барбара. Деновиве љубовниот триаголник кој го има во куќата на Големиот Брат е дефинитивно топ тема. Иако Ервин јавно и призна на Барбара дека му се допаѓа, таа го одби, а откако Стефани дозна му раскина. Ервин кажа дека Стефани е некултурна и дека бил со неа бидејќи го гризела совеста. Секако нејзината мајка се разлути, па му изнакажа се на Ервин што и лежи на душа.
- Ервин се прави фин и културен, а е мамино синче. Како можеше да искористи пијано женско, па вака да зборува сега? Имам многу ниско мислење за него, вели мајката на Стефани.
Сестрата на Стефани беше уште по крута: - Поголем срам од тоа да е со Стефани затоа што е опуштена, е да биде со Барбара и да ја прошета во град, со оглед на тоа со што се бави таа, вели Хрватицата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









