Нема да верувате: По 16 години се разведуваат Дејвид и Викторија Бекам!

Најпознатата брачна двојка на светот Дејвид и Викторија Бекам можеби се наоѓа пред развод. Медиумите на Островот на големо пишуваа за кавгата на поранешниот фудбалер и пејачката, а причини за тоа има наводно - милион.
Се почна кога Викторија ги отстрани сите тетоважи посветени на Дејвид. Кратко потоа, по журката во бутикот на Викторија во Лондон, брачната двојка се скарала, а потоа познатиот фудбалер во алкохолизирана состојба ја пикнал сопругата во автомобилот. Вчера од Англија стигна и нов аргумент. Поранешниот фудбалер купил куќа во Мајами, каде планира да работи во клубот кој настапаува во американската фудбалска лига. За тоа време, познатата дизајнерка останува во Лондон со децата, зошто нема намера да се пресели во САД.
Поранешната пејчака од групата Спајс грлс во едно интервју ги отфрли наводите за можен развод.
-Никогаш во јавност нема да го коментирам мојот приватен живот. Дејвид и јас нема што да докажуваме, се грижиме еден за друг, како и за нашите деца, изјави Викторија и очигледно не ги убеди медиумите на Островот.
Изјавата на Дејвид беше уште поумерена.
-Децата ни се приоритет, но и ние возрасните треба да најдеме време за нас. Имаме многу обврски, но важно ни е децата да имаат семејство, порача неодамна Бекам.
Интересно е што Бекамови имаат заедничко богатство кое е проценето дури на 700 милиони евра. Кого поскапо ќе го чини разводот, останува да се види.
Заедно се 16 години
Дејвид и Викторија се заедно 16 години и важеа за еден од најсмирените и најзаљубените парови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









