Голем пресврт во куќата на „Големиот Брат" - што се случува?

 

Љубовен триаголник деновиве е топ тема во куќата на Големиот брат. Ервин кој уште првата вечер имаше секс со Стефани, а потоа продолжи со исто темпо, сега јавно призна дека ја сака Барбара и дека е единствената девојка која му се допаднала во животот, со што и го скрши срцето на Хрватицата.

Иакопризна дека се оладила, Стефани повторно заврши во креветот на Ервин, а тој во текот на денот и призна на Зорица дека да е надвор Стефани не би ја ни погледнал бидејќи според него нема култура и иако е убава, не е негов тип на девојка.

Големиот брат го интересираше дали повеќе му се допаѓа Барбара или стефани на што Ервин кажа: - Јас сум со Стефани моментално, но за Барбара можам да кажам се во суперлативи. Не сакам многу да зборувам за тоа.

Ервин на Ивона со која деновиве стана доста близок, и призна дека му се допаѓа Барбара но му е страв да не го одбие. Барбара пак, призна дека е заљубена во друг и дека пред се ја почитува Стефани и не би направила ништо со Ервин.

Останува да го видиме расплетот на овој љубовен триаголник.

 

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега