ВИДЕО: Патник низ времето - живеел две години во 2749 и сега сведочи за тоа што го видел!

 

Ал Биелек раскажува за тоа на кое се сеќава за своите шест недели поминати во 2137 и 2 години кои ги мина во 2749. Една работа која мораме да ја нагласиме е дека сите настани кои ги опишал се случуваат и во сегашно време. Новиот светски поредок и катастрофалните климатски промени.

Колку ќе му верувате на овој човек, зависи апсолутно само од вас!

„Манатук проектот“ е серија на тајни проекти на САД споредбени во кампот Херо или Монтаук Форс Станица на Лонг Ајленд во врвот на развојот на психолошките техники. Жак Вал ги опишува наводите во овој проект како изданак на приказните за Филаделфија Експеримент.

Ал опишува на што се сеќава откако скокнал од У.С.С. Елдриг на 13 август 1943 година.

Се најде со својот брат, Данкан во болница во иднината. Таму шест недели се опоравувал од повредите од зрачењето. Медицинскиот систем во таа иднина користи вибрации и светлосни третмани. ТВ програмите се едукативни и информативни.

Тогаш приметил дека Земјата е навистина променета следствено на географските промени кои почнале на почетокот на 21 век до 2025 година. Брегот и внатрешноста на САД и Европа драстично се разликуваат од она што ние сега го познаваме.

Нивото на водата пораснало и Флорида е сведена само на карпа. Атланта е на само 3 милји од океанот. Инфраструктурата на САД пропаднала. САД и Канада повеќе не се нација. Централната власт исчезнала.

Светската популација е сведена на 300 милиони. САД има 50 милиони жители. Тој тврди дека во периодот 1954 година до 2000 владата на САД работела со вонземјани, за да стекне увид во нивната технологија и да ја унапреди својата.

Проблемите почнале меѓу 2003 и 2005 година. Новиот светски поредок завзема бран низ целата планета, но потоа се разви војната. Во еден момент војната изби меѓу Русија и  Кина против САД и Европа. Владата има технологија да ја намали штетата од зрачењето и нуклеарниот отпад во рок од неколку дена, дури и сега, но одбиваат да го користат од политички причини. Во иднината, технологијата ќе се користи за чистење од радијација поради Третата светска војна.

Потоа оддеднаш необјасниво се нашол во 2749 година. Тој говори и што се дознал додека бил таму. Вратен е во 2137 година да го собере Данкан, по што и двајцата се одведени во 1983 година.

 

Во приказните за иднината има и плутачки градови кои можат да сепоместуваат на различни делови на Земјата. 

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега