Нови детали од трагедијата - девојката на Џим Кери била во таен брак
Катриона Вајт поранешната девојка на Џим Кери, која беше пронајдена мртва во својот дом во Лос Анѓелес, кога покрај нејзиното тело пријателите пронашле и таблети со кои се предозирала, по нејзината смрт деталите кои беа пренесени во јавноста, многумина ги шокираа. Според пишувањата наамериканските медиуми, шминкерката од Ирска која беше во врска со познатиот актер, била омажена, а нејзиниот сопруг за сега не е познат во јавноста. Таа долго време не живеела со сопругот, а тој планирал да поднесе документи за развод од бракот уште во декември 2014 година. Извори блиски до Кери тврдат дека актерот не знаел дека неговата бивша, била во брачна заедница.
Џим Кери и неговата бивша девојка Катриона Вајт беа заедно од летото 2012 година, па се до март 2013 година а врската ја обновија во мај годинава. Двојката раскина на 24 септември, а само по пет дена Катриона е пронајдена мртва во својот дом. Катриона била професионална шминкерка и во Америка дошла од Ирска, а на денот на раскинувањето, објави вознемирувачки твит во кој ја најавила нејзината смрт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









