Ве држи за рака, а погледот му е вперен кон друга девојка - како реагираат жените на ова?

 

За рака ја држи својата, а мерка друга жена, и тоа без  никаков пардон. Погледот без прикривање му лута во бујното деколте на девојката која седи пред него или секој фустан го забележува. неговата сопруга може да биде убава и секој маж да ја посакува, но тој не може да одолее на случајните девојки. На изглед, се е тоа безначајно, но дали тука има евентуално неверство? 

Секој фраер веројатно негативно ќе одговори на ова прашање, со образложение дека тоа попатно погледнува некоја девојка и дека не значи дека со неа сака да спие. Мажите исто така знаат да кажат во своја одбрана дека тоа е својствено за мажите, и дека би било ненормално да не им дадат внимание на некои убави девојки. 

Некои жени отворено се лутат кога нивниот партнер ќе се заврти по некоја згодна девојка, но има и такви кои тоа го игнорираат, правдајќи се тоа е машка работа. 

Но експертите велат дека гледањето не мора да заврши со „допири“ дури и велат дозволете им го тоа на мажите за да немате проблеми. 

Колку и да биде убава и свесна за својата физичка привлечност, секоја жена ќе се навреди и разбесни на ваков гест. Едноставно не е убаво тоа да го прават постари мажи, бидејќи е навредливо и дегутантно по спротивниот пол. Нека се запрашаат како би бло нивната партерка тоа да прави. Тогаш ќе им се пробие суетата, ќе се чуствуваат продадено.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега