Неверојатната судбина на Силвестер Сталоне - од бездомник до холивудска ѕвезда

 

Тој денес е една од најголемите холивудски ѕвезди, но неговиот почеток бил вистинска борба.

Мајката на Силвестер Сталоне имала многу тешко породување, во текот на кое на нејзиниот син му бил оштетен нерв поради кој страда од парализа на лицето. 

Со напорни вежби успеал да ја поврати подвижноста на повеќето мускули, но никогаш во потполност. Тоа е неговата прва битка од која излегол како победник. 

Поради лошата материјална состојба, морал на разни начини да се снаоѓа за да преживее во “џунглата“ во Њујорк и го следел својот сон да стане актер. 

Прифатил улога дури и во порно филм, во кој за два дена заработил 200 долари. Долго време не успевал да направи никаков исчекор во кариерата, а во еден од најтешките периоди од животот морал да го украде и накитот на својата сопруга, за да купи храна. 

Набргу потоа станал и бездомник и три дена спиел на автобуската станица во Њујорк. Морал да го продаде дури и сопственото куче за 25 долари, бидејќи немал пари за да купи храна. 

Неколку недели подоцна го гледал бокс мечот меѓу Мухамед Али и Чак Вепнер и тоа го инспирирало да го напише сценариото за сега веќе антолошкиот филм „Роки“. 

Набргу потоа добил понуда од 125 илјади долари за откуп на сценариото, но Сталоне поставил услов да ја добие главната улога. Студиото одбило бидејќи сакале “вистинска ѕвезда“. Изјавиле дека има и чуден говор, што било последица од оштетувањето на нервот. 

После неколку месеци преговори и понуди од 250 и 350 илјади долари, студиото сепак се согласило да му даде шанса и му дале само 35 илјади долари за сценариото и главната улога во филмот. Останатото е историја. Филмот освои оскар за најдобар филм, најдобра режија и најдобра монтажа, а Сталоне беше номиниран за најдобар актер и сценарио. Филмот остана запаметен како еден од најголемите во филмската историја.

Инаку, откако ја добил исплатата од 35 илјади долари, три дена поминал пред една продавница каде претходно на еден од минувачите му го продал своето куче. Се надевал дека повторно ќе го сретне, а кога тоа се случило, Сталоне му понудил 100 долари за да му го врати кучето. 

Човекот не се согласил ни за 500, ни за 1000 долари. На крајот Сталоне платил неверојатни 15 илјади долари.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега