Тие имаат манири, се прекриваат со кал... - овие работи за слоновите сигурно не сте ги знаеле

 

Африканскиот слон во просек е повисок од азискиот за еден метар, а тежи дури и до два тони. Еве неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле за афричкиот слон.

Начин на исхрана

Слонот може да изеде и околу 136 килограми храна дневно. Сепак апетитот зависи од големината. Големите слонови имаат многу здравствни проблеми поради огромниот апетит.

Мама е главна

Слоновите се движат во стада кои ги предводи најстарата женка. Младите и старите женски се држат заедно, додека мажите лутаат самостојно.

Манири

Слоновите имаат свои правила. На пример, тие кога ќе се сретнат со друг слон очекуваат од него да му ја пружи сурлата во знак на поздрав. Возрасните женки често ги подучуваат младите слонови во стадата како правилно да се однесуваат.

Ушите како знак за расположение

Африканските слонови се познати по своите големи уши.

Сурла од сто илјади мускули

Сурлата која е заштитен знак за ова животно, интересна е по тоа што се состои од сто илјади мускули. Слоновите ја користат за дишење како и за кревање на потешки предмети и храна.

Заштита од сонце

Иако кожата на слоновите е дебела и повеќе од два и пол сантимети, таа е многу чувствителна на сонце. За да се заштитат, слоновите се прекриваат со кал или прашина.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега