Стари народни верувања: Овие обичаи навестуваат зло и несреќа

Во народот се верува дека некои појави навестуваат идни настани, а помеѓу нив се и овие:
- Кога четири луѓе при разделба се ракуваат, ќе дојде до раздор и кавга
- Ако наврне дете кое се уште не наполнило година дена, ќе биде слабо и болежливо
- Кога има 13 лица за една маса, некој ќе се разболи
- Кога наутро ќе станеш, не станувај на лева нога, да не ти биде цел ден малерозен
- Кога ќе тргнеш на пат па мора да вратиш по нешто што си заборавил,од тој пат не очекувај корист
- Кога прв пат ќе спиеш во туѓ кревет, запамети што сонуваш, бидејќи тој сон ќе ти се исполни
- Првата ноќ тоа што го сонуваш во новиот стан тоа ќе ти се исполни
ИЗВОР:КУРИР
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









