Внимавајте: Еве што може да ви се случи ако јадете храна на која претходно имало мувла

 

Дали некогаш сте јаделе некоја намирница која претходно била зафатена со мувла и само сте ја исчистиле? Еве што мислат експертите за тоа.

Прво треба да знаете дека гранките и корените на мувлата остануваат, дури и кога вие ќе ја исчистите од храната.

„Повеќето видови на мувла се безопасни, но има и опасни“, изјави Надин Шо, пренесува Nationalgeographic.rs.

Некои видови содржат микротоксини, отровни супстанци кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Посебно е опасен афлатоксин, кој предизвикува рак. Микротоксините може да се најдат во мувлата која расте на житариците и коскените овошја, но се јавува и во сокот од грозје, целер, јаболка...

Најмногу го има во пченката и кикириките, а ако забележите во вашиот фрижидер дека има мувлосана храна, најдобро е да ја фрлите.

 

 

Оцени ја веста

03.10.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега