Почина легндата на Вардар

На ФБ профилите на фановите на Вардар е објавена вест дека почина една од легендите на Вардар, Петар Шулинчевски.
Пред малку и до редакцијата на Сител пристигна жална вест. Почина Петар Шулинчевски, една од најголемите вардарови легенди и уште еден член на првата трофејна генерација од 1961 година!,стои во обајавата.
Кратка биографија за Петар Шулинчевски:
Преку родниот Ресен и градот под Тумбе Кафе, Битола, во 1956 година стигна во Вардар. Член на првите единаесет кои во Белград го совладаа Вартекс во финалето за освојување на Купот на Маршалот. Во Вардар беше цели 12 години и за тој период има одиграно 317 натпревари и постигнато 190 голови. Од Вардар замина во САД за да игра за Чикаго Мустангс.
По завршувањето на играчката кариера, долги години беше тренер на Вардар, едно време и на првиот тим, потоа на помладите селекции.

Оцени ја веста
29.09.2015 - 16:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









