Ова воопшто не му се допаднало: Каков предбрачен договор потпиша сопругот на Северина?
![]()
Северина Вучковиќ, познатата хрватска пејачка, го натерала својот сопруг Игор да потпишат предбрачен договор. Синот на Драган Којиќ Кеба пред да стапне на лудиот камен, морал да потпише договор составен од пејачката во кој пишувало дека во случај на развод, Игор нема да побара никаква имотна корист, како и тоа дека во текот на нивниот брак тој нема никакво право да делува на нејзината кариера.
- Договорот го состави адвокатот на Северина, а Игор без збор го потпиша и се согласи на него. Пејачката сето ова го направи за своето добро и доброто на своето синче, за да се заштити од евентуално одење по судови доколку дојде до престанок на бракот, вели извор близок до парот.
Инаку, Северина и Игор иако најавија дека ќе се венчаат на крајот на ноември, сепак тајно направија свадба далеку од очите на фотоапаратите и јавноста.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









