ФОТО/ВИДЕО: Девојката која го пропатува половина свет - „го живеам и уживам моментот“
„Филозофијата која моментално ја живеам е да живеам сега, живеј и уживај во моментот. Фокусирај се на денес, затоа што работите брзо се менуваат, што не знаеш што може утре да ти се случи“.
До вакви заклучоци дојде Ника Богданиќ. Таа е млада девојка која во својот краток живот пропатувала голема километража и тоа во Европа, Блискиот Исток и Југоисточна Азија.
Патувањата се нејзина најголема страст, а се започна со стипендијата која ја доби од ЕУ, а која на големо и помогнала, не само да живее надвор, туку и да ја финансира својата страст кон патувањата.
Смета дека на тој начин научила да располага со парите затоа што патувањата се секако нејзин приоритет, а освен тоа вели дека постојат и бројни начини на кои може да ги финансира патувањата за да продолжи со патувањата.

Така Ника едно време поминала во Каула Лумпур. „Помина едно седум месеци откако живеев во Куала Лумпур, по што се вратив во Европа“.
Мисли за тоа колку е прекрасно да се истражува, да се запознаат нови луѓе и нови култури, да научи нов јазик, и да разгледа нови работи, се работи за тоа да ако доаѓаш од некоја одредена култура, од некој одреден оквир, а е нешто сосема различно од се она што го познаваш тогаш е тешко таму да живееш.
Една работа е да патуваш, а друга да живееш некаде“.

„Мислам дека ниту една школа и ниту еден факултет и ниту една книга не можат да ме научат толку колку што може да ме научи патувањето“, порачува Ника.
„Еден ден можеби работите ќе се променат, можеби ќе сакам да бидам на едно место, можеби ќе сакам да водам мирен живот.
Можно е да тоа се случи за недела дена, можно е за пет години“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









