Овие сигнали говорат дека за брзо време ќе добиете инфаркт

Општо е познато дека во денешно време, кога луѓето најмногу мислат за работа, немаат доволно време да посветат на своето здравје. Сепак, телото има граници до каде може да трпи. Не дозволувајте да ги занемарите сигналите кои ви ги испраќа. Овие се главни знаци на кои мора да посветите внимание.
Умор или несоница - Доколку се чувствувате изморено, а немате некоја конкретна причина за тоа, можно е да ви е намален дотокот на крв во срцето. Поради тоа срцето се обидува да пумпа што повеќе, а тоа предизвикува малаксаност и умор.
Недостиг на воздух - Кога срцето добива помалку крв и во белите дробови стига помалку кислород. Последица на тоа е кратко и отежнато дишење.
Потење, вртоглавица и мачнина - Иако тие се симптоми за бременост, сепак може да станува збор за нешто посериозно. Овој симптом е изразен кога лицето нагло ќе стане, бидејќи крвта на успеава на време да стигле до мозокот.
Слабост на мускулите - Како што белите дробови патат од недостиг на кислород доколу срцето добива помалку крв, исто така цел организам останува без кислород, па лошо функционира. Ова најчесто се манифестира низ малаксаност во мускулите.
Непријатно чувство во градите - Со стеснувањето на артериите, се оневозможува нормален проток на крв, тоа предизвикува „гризење“ во пределот на градите.
Доколку почувствувате било кои од овие симптоми веднаш посетете лекар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









