На прагот сме на најголемото археолошко откритие во историјата на човештвото

 

Тим на експерти на чело со британскиот археолог Николас Ривс, ќе влезат во гробницата на Тутанкамонов на 28 септември и ќе испитаат дали зад северниот ѕид се наоѓа тајна врата.

Ривс во август објави студија во која тврди дека пронашол докази за тоа дека прочуената египетска кралица Нефертити е погребана во гробницата на својата посвоена ќерка Тутанкамон. Резултатите од службеното испитување ќе бидат објавени во текот на конференцијата во Каир, по довршувањето на работата.

Ако теоријата на Ривс е точна, тоа ќе ја реши целата низа на недоумици за оваа гробница, која со децениии била неразрешлива енигма за експерите. На пример пронајдено е богатство кое изгледало како да било оставено набрзина во неговата гробница. Самата гробница е сместена десно од влезот, иако во египетската култура од таа страна често ги погребувале кралиците отколку кралевите.

Освен тоа, оваа гробница не е ништо поголема од предворјето на целата гробница, што е исто така невообичаено за тоа време. Во комбинација со сликите, Ривс смета дека гробницата им припаѓала на Неферити, и дека дополнително е одлучено да се прегради место за Тутанкамон, како „гробница, внатре во гробницата“.

Ѕидот за кој, според негово мислење, гробницата на прочуената убава кралица Нефертити, е украсен со религиски мотиви, можеби во обредот кој служел како „заштита од следниот живот“.

„Само една кралица подоцна во 18 династија добила таква чест, а тоа е Нефертити“, пишува Ривс.

Таа чие име значи „убавицата стигна“, била кралица на Египет и сопруга на фараонот Аменготеп III во 14 век пред новата ера. Таа со сопругот го установила култот Атон богот на сонцето, и ја промовирала уметноста која била целосно поинаква од онаа по дотогашните стандарди.

Нејзината титула значи дека веројатно имала владетелска функција и да по смрта на Ехнатонов станала фараон. Сепак, и покрај нејзиниот значителен статус, смртта и местотот каде што е погребана останале мистерија до ден денешен.

Ако е Ривс во право, скриената гробница веројатно крие многу повеќе од богатството од Тутанкамонов.

 

„Ако не сум во право, никому ништо, но ако сум, ова можеби е најголемото археолошко откритие во историјата“, изјавил Ривс.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега