Знаела дека нејзиниот татко нема да ја однесе пред олтар - тогаш се случи нешто неверојатно

Пред шест години, таткото на Кристен Мундел загина и таа се помири со тоа дека татко никогаш нема да ја однесе пред олтарот. Меѓутоа колегите на нејзиниот татко и приредиле изненадување.
Кент Мундел бил заменик шериф во Вашингтон, а загинал на должност во 2009 година. Тој се борел за својот живот, но на крајот не преживеал, а цело време до него биле сопругата Лиса, ќерката Кристен и синот Остин.
Мундел тврди дека знаела дека колегите на нејзиниот татко и спремаат изненадување, но не знаела за што се работи.
„Го започнавме првиот танц, а потоа некој ме допре за раменото и ми рече ’може да ве замолам за танц’. Бев шокирана и не знаев како да реагирам“, изјавила Кристен за американските медиуми.
Четворица колеги на нејзиниот татко заиграле со неа, по што таа била пресреќна.
Но сепак празната столица наменета за нејзиниот татко сите забележале дека е празна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









