Важна вест за пушачите: Еве како да ги прочистите белите дробови за три дена!

Цигарите веројатно придонесуваат за лошата состојба на белите дробови. Овој метод затоа повеќе им е потребен на пушачите, но сигурно би ви бил добредојден дури и ако сте непушач.
Два дена пред овој процес треба да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот пред спиење напијте се чај.
Тоа ќе им помогне на вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени за време на детоксикацијата.
Процедура:
Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте го пред појадокот.
Испијте 300 милилитри сок од цитрон или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.
Помеѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри сок од морков. Тоа ќе помогне во зајакнувањето на крвта.
За време на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистењето на белите дробови. Рецептот следува во продолжение.
Рецепт:
Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама земена пиперка, 200 грама печурки поточарки и 350 грама краставици. Би требало да добиете течност од 400 милилитри сок.
На крајот, пред спиење треба да испиете сок од брусница.
Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во период од овие три дена, доволно да спиете, а можете и да се релаксирате во топла купка, дваесетина минути дневно за да ја зајакнете детоксикацијата.
Овој режим е можеби малку напорен, но за само три дена ќе почувствувате неверојатни резултати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









