ВИДЕО: Сателитски снимки откриваат и лоцираат големи мистерии
Од големите географски откритија минаа повеќе од пола милениум, но изгледа дека ни пет векови не биле доволно да се истражи целата планета.
На Земјата сеуште постојат неистражени места, кои сега се лоцирани во Нова Гвинеја за кои до скоро се сметаа дека се исчезнати. Сателитските снимки на овие широки мочуришни места откриваат таинствени бели линии, чие потекло сеуште не е утврдено.
Во срцето на Сибир кои е таинствен кратер, кои во локалната легенда е познат како гнездо на џиновски „златен орел“.

Со појавата на кратерот или камениот вулкан, во инаку едноличното пространство на шумата Тајга, ова место и понатаму задава главоболка на научниците.
Данакли пустината во Етиопија, претставува најтопло место на планетата и опасна зона со чудни кругови, за кои се зборуваат бројни приказни за зли духови, и мистериозни смртни случаи во пустината.
Амазонската џунгла крие таинствени азурно син природен базен внатре во државата Мато Гросо во Бразил. Судејќи по сателитските снимки, не постои прилаз кон овој базен затоа што е заштите со густа недопрена џунгла.
Интигрантните сателитски снимки на едно од најодалечните подрачја на недоволно истражениот запад на Замбије открива необјасниви облици, кои изгледаат како бацили, со должина од 30 метри.

Еден од нив сепак реши да се соочи со невозможното и да ги открие тајните на нашата планета.
Британскиот истражувач Ед Стафорд одлучи да се ослони на своето искуство на преживување во дивината и да се прилагоди на непредвидливите околности, за да успее во својата мисија разоткрива непознато со мистериозни сателитски снимки на најодалечената локација на Земјата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









