Децата на мета: Како да се заштитите од сезонската настинка?

Септември не е само сезона за стар во училиштата и градинките, туку е сезона и на настинката. За да се заштитите од сезонската настинка најважна е хигиената! Миењето раце, дезинфекција на играчките и површината на кои децата играат се задолжителни! Исто така просторијата во која детето одмара секојдневно мора да се проветрува, а децата што повеќе време да поминуваат на отворен простор.
Но не се само децата изложени на сезонската настинка. Напротив, и возрасните не можат да го заобиколат овој проблем. Лекарите советуваат што помалку време да престојуваме во затворен простор, да пиеме многу течности, и да не земаме никаков антибиотик без да се консултирате со доктор.
Ако веќе сте настинати, кашлате и кивате обавезно ставете марамица на уста и нос, за заразата да не се шири во околината. Сезонската настинка воглавно е блага и трае неколку дена. Поради тоа доктоприте предупредуваат да не се земаат антибиотици „на своја рака“. Имено, антибиотиците во оваа ситуација не само што нема да ви помогнат туку можат да бидат и штетни, односно можат да ја продолжат настинката. Наместо тоа за брзо опоравување настинката треба да се одлежи, да се земаат доволно течности и да се јадат многу овошје и зеленчук.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









