Перо Антиќ откри: Ова е мојата „Ахилова пета"
Единствениот НБА македонски кошаркар, Перо Антиќ, веќе години наназад реди успеси и важи за силен маж, но има една слаба страна или ахилова пета. Тоа е неговото семејство. Перо наскоро ќе стане татко по трети пат. Во моментов престојува во Истанбул, каде што потпиша договор со турскиот шампион Фенербахче, чиишто бои ќе ги брани оваа сезона, а за грижата на наследниците е задолжена сопругата Ружица, која заедно со нив живее во Скопје, пишува Вечер.

- Ние живееме мошне динамично, постојано се селиме, патуваме. Кога јас не сум дома, сопругата е таа која воспоставува ред. Кога сме заедно, нема ништо од тоа, нема правила за легнување, нема правила за јадење, само адреналин. Бидејќи сум одвоен од децата, кога сум со нив, сум многу попустлив, изјави Антиќ за Вечер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









