ВИДЕО: Mоделка боледува од сериозна болест - тежи само 40 килограми

 

Поранешната моделка Лиса Браун страда од екстремно ретка болест поради која буквално може да умре од глад.

Таа има 32 години и тежи само 40 килограми.

Лиса не може да јаде цврста храна затоа што од неа повраќа и има неиздржливи болки во градите и вртоглавици.

Во 2013 година и дијагностицирале синдром наречен SMAS, гастроваскуларно заболување поради кое цревата не можат да поднесат цврста храна.

Во светот има само 400 случаи со овој синдром.

За болеста нема лек, но Лиса постојано оди на операции кои и го олеснуваат животот.

Погледнете го видеото и видете ја нејзината борба со оваа страшна болест.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега