Кога ќе се смени аголот на гледање на нештата

 

Бека Мајелс ставила тетоважа на своето лево бедро. Но тетоважата, од аголот на набљудувачот може да се прочита како: Јас сум добро, додека од аголот на сопственичката на тетоважата: Спаси ме.

Девојката, која има 21 година, напиша на Фејсбук дека тетоважата е на вистинското место.

- тетоважата секогаш ме потсетува дека некои луѓе само изгледаат добро, а всушност не се, напиша Бека.

Фотографијата стана многу популарна на социјалните мрежи и ја виделе повеќе од 200.000 лица.

- Ве молам и натаму да ја споделувате. Ова е начин да го смениме аголот на гледање на луѓето кои не знаат како им е на оние кои страдаат од депресија, вели таа.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега