Трудно дрво во Скопје ги лечи неплодните жени

На височините на планината Скопска Црна гора се наоѓа манастирот „Света Богородица“, во дворот на манстирот има дрво кое наликува на бремена жена, според верувањата тоа дрво на многу неплодни жени им помогнало.
Мештаните за Вечер.мк велат дека приказната за ова дрво се случила пред две години. Во дворот на манстирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, во тој момент се појавил еден човек од Скопје кој се претставил како Илија. Тој им раскажал дека на сон му се сонило дека токму во овој манастир имало бремена жена. Мештаните го погледнале и му се насмеале бидејќи во манастирот има само мажи. Тој упорно ги убедувал и тргнал да го бара и го пронашол дрвотот кое личи на бремена жена. На дедо Милош и неговите пријатели не им се верувало на глетката која ја гледале и додале дека никогаш во живото не го виделе тоа дрво во дворот.
- Јас се грижам за манастирот 60 години, но никогаш не сум го забележал дрвото со стомакот, божја волја е тоа, раскажал за Вечер дедо Милош .
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









