Значаен триумф на македонските ракометари над Швајцарија
Машката македонска ракометна репрезентација забележа важна победа над Швајцарија ви квалификациите за пласман на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.
На дуелот одигран во Сент Гален, а во рамките од 5.коло на квалификациската група „6„ македонските ракометари славеа убедлив триумф со девет гола разлика 26:17 полувреме 15:8.
Најефикасен во нашата селекција беше Кирил Лазаров кој сите 5 гола ги постигна со удари од 7 метри. По четири гола постигна Стојанче Стоилов и Влатко Морков.
Во првиот меч од оваа рунда, одигран попладнево во Брно, селекцијата на Франција убедливо ја победи Чешка со 34:24.
Која ќе биде втората селекција која ќе и се приклучи на Франција на европскиот шампионат во Полска догодина, ќе дознаеме по натпреварот кој в недела ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, а во кој Македонија ќе биде домаќин на Чешка.
Табела: Франција 10 бода, Македонија 5, Чешка 5, и Швајцарија 0
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа