Вардар нов ракометен шампион на Македонија
Екипата на Вардар и официјално е промовирана во нов ракометен шампион на Македонија. „Црвено-црните вечерва на средбата од последното 10. коло во плеј-оф конкуренцијата одиграна во СЦ „Јане Сандански“’, славеа очекувана победа над екипата на Радовиш со 35:23.
Со десет триумфи во исто толку одиграни натпревари во плеј-офот, вардарци ја потврдија својата доминација во домашниот шампионат.
Тимот предводен од тренерот Раул Гонзалес сезоната ја завршија со двојната круна, откако претходно го освоија Купот на Македонија, а сега и официјално се промовирани во нови шампиони.
Во преостанатите два натпревари од последното коло ќе играат Пролет – Металург и Зомимак М. – Прилеп.
Табела: Вардар 30 бодови, Металург 18, Зомимак М. 18, Пролет 7, Радовиш 6 и Прилеп 4.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа