Ако власта криела нешто за Младенов зошто клучните работи Заев ги читаше од официјален записник на МВР?

Доколку власта криела нешто за несреќата во која загина сопственикот на „Фокус“ Никола Младенов, тогаш зошто клучните работи опозицискиот лидер Зоран Заев ги читаше од официјален записник на МВР?
Заев на денешната прес-конференција излезе со обвинувања дека Министерството за внатрешни работи криело информации, а читаше работи бележани од записник на МВР.
Сомнежот дека автомобилот на Младенов имал претходна гребаница од контакт со друг автомобил што го кажа Заев е впрочем констатирано во записник на МВР.
Заев на прес-конференцијата читаше и уште една работа што е констатирана во записникот на МВР и било предмет на истрага, а тоа се најдените фискални сметки. Тој со овие работи сакаше да внесе сомнеж и со сила да искреира случај, но од тоа не успеа. Се потврди дека смрта на Младенов е трагичен настан.
Дополнително, веднаш по пресот на Заев, ВМРО-ДПМНЕ се огласи дека поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на Младенов.
Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти-како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека денешниот прес на Заев на кој што повторно пушташе сечени и креирани материјали е класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направи во случајот со расчистеното убиство на Мартин Нешковски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









