Mинистерот Попоски утре во работна посета на Данска

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски утре 8.мај 2015 година ќе оствари еднодневна работна посета на Кралството Данска.

 

За време на престојот во Копенхаген, министерот Попоски ќе има средба со својот дански колега, министерот за надворешни работи Мартин Лидегард, како и со министерот за трговија и развојна соработка Могенс Јенсен.

 

 

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за развојот на билатералните односи, можностите за зајакнување на меѓусебната соработка, особено во економските сектори, за процесот на интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО, за регионалната соработка и за актуелните прашања од меѓународната агенда.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега