Заев кажа дека нема докази дека Младенов поседувал некакви докази за криминали

Опозицискиот лидер Зоран Заев одговоарајќи на новинарски прашањa на денешната прес-конференција рече дека нема докази дека загинатиот сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов поседувал некакви докази за криминали.
Заев запрашан дали можеби дел од причините смртта на Младенов се работи за кои тој истражувал, за кои тој пишувал или во моментот работел на некоја сторија. Заев категорично одговори дека такви докази не постојат.
-Не постојат такви докази. Како што гледате, должно внимание посветивме на целиот овој случај, разговаравме со многу стручни луѓе, на крајот ај да не бидеме субјективни, можеби целото ова кога го слушаме го читаме во записниците да ни помогнат вешти лица, стручни лица. Тоа што го имаме, денеска го сопштивме. Не постои нешто кое што ни укажува дека заради некој вид на истражувачка постапка на новинар, во делот на текстови, па тоа да се поврзе со неговата смрт, рече Заев.
Тој нагласи дека иако постоеле такви шпекулации во јавноста, кај нив, од она што тие го поседуваат, не постојат докази за таква работа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









