Заев го продолжува патот на Црвенковски, неговите методи и сценарио

 

Актуелниот лидер на СДСМ го продолжува патот на својот претходник.

Бранко Црвенковски вечерва гостуваше во „Топ тема“ на Телма каде посочи дека жали што во 2013-та година не продолжил до крај со отпорот кој го започна во свое време.

Тој призна дека во тоа време немал поддршка од своите сопартијци, па ги оставил сами да осетат сето тоа на своја кожа.

-Не попуштив заради притисокот од меѓународната заедница. Тој постоеше, меѓутоа не беше пресуден. Попуштив затоа што во редовите на сопствената партија не можев да ги уверам сите луѓе, или најголем дел од клучните играчи во партијата дека тоа е исправната политика. Не обвинувам никого, целата одговорност ја земам на себе. Јас бев претседател на партијата и во тој проект не успеав. Се тргнав на страна, ги оставив работите да течат, ги оставив луѓето самите на сопствена кожа да се уверат и да се убедат дека тоа е вистинскиот пат, рече вечерва Црвенковски.

Сценариото на бојкот и отпор, сепак, продолжува од СДСМ. Актуелниот лидер Заев го продолжува патот на Црвенковски. Тој работи со истата идеологија, ги користи неговите методи на подбуцнување, етикетирање, протести. Обидот за креирање на меѓуетнички тензии и прислушкувањето од страна на Верушевски се присутни и во време на двајцата лидери на партијата на Бихаќка.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега