Арчелор Митал- Скопје го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

 

Со голем број настани кои се фокусирани на темата темата „Застани, размисли и делувај безбедно”, компанијата Арчелор Митал Скопје, денеска го одбележаа Светскиот ден за безбедноста и здравјето при работа.

Оваа година, на овој ден компанијата се фокусирање особено на теми од заштитата при работа, како што се паѓање од височина, приклештување, лизгање и падови, кои одат во прилог на пошироката тема, темата „Застани, размисли и делувај безбедно”, која се однесува на сите, од обичните работници и рударите, возачите и инженерите, па сè до членовите на Управниот одбор на компанијата, за да се заложат за преземање одговорност за безбедноста и здравјето, како и за благосостојбата на нивните колеги.

-Да се биде дел од Арчелор Митал- Скопје значи нашиот врвен приоритет во работата и во животот да бидат здравјето и безбедноста. Нашиот предизвик е да бидеме најбезбедната компанија од челичната индустрија во светот. Токму поради тоа, потребно е секој од нас активно да се вклучи во кампањата „Патот до нула, изјави Јуан Педро Јименез Наваро, главен извршен директор на компанијата.

Арчелор Митал Скопје ја одбележува Неделата за здравјето и безбедноста со голем број активности. Целејќи кон подигање на свеста за важноста на здравјето и на безбедноста, вработените во периодот од 25 Април до 8 Мај се вклучуваат во разни активности, како спортски натпревари (фудбал, пинг-понг и куглање), планинарње, дискусии со работниците на тема безбедност и здравје, игри за безбедност, обука за прва помош, обука за здравје, квиз за безбедност и здравје за менаџерите, проверка на крвен притисок, шеќер, тежина, висина на вработените.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега