Груевски: СДСМ имаат проблем со идеја, ги води личниот гнев и затоа губат

 

СДСМ имаат проблем со идејата, а консеквентно на тоа и со програма и стратегија. Полни со гнев и омраза кон нас, лути зошто со нашата работа се препозна уште повеќе и нивното неработење кога беа на власт. Повредени од тој гнев, настапуваа постојано со деструктивно сценарио, со плукања навреди и омаловажувања, со многу измислени монтажи и најкукавички креации, истакна премиерот Никола Груевски на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги води личниот гнев и тоа народот го препознава и ќе продолжат да губат бидејќи не извлекуваат поуки од поразите, туку ги повторуваат грешките. Се сврзаа со соросовите институции на Милчин заради нивните пари и станаа негови заложници. Гледајќи да ни направат некое зло пропуштија да препознаат некои наши грешки и да испоентираат на вистински начин. Едно зборуваат пред народот, а друго прват каде владеат на локално ниво, посочи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега