Спасов: Со граѓаните дискутираме за владините мерки и ги решаваме проблемите

 

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 45. седница го именува Иљми Селами за заменик министер за одбрана, пренесува МИА.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов гостуваше во дневникот на Канал 5 каде посочи дека трибината има за цел политичарите да остварат средба со граѓаните и со нив да дискутираат за проектите и владините мерки.

-Има многу нови моменти во однос на најавените мерки минативе недели. Ние со целите сили настојуваме да го одржиме дадениот збор  и да продолжиме со реализација на проектите од програмата на Владата на Република Македонија. Денес Собранието го усвои законот за социјална заштита со кој социјалната помош ќе се зголеми за 10 проценти почнувајќи од јули оваа година. 30.000 домаќинства ќе добијат за 10 проценти поголема социјална помош. Најранливите категории на граѓани ќе добијат поголема финансиска помош. Исто така влезе во собраниска процедура и измената на законот за работни односи со кој ќе овозможиме продолжување на платеното породилно отсуство за мајките кои ќе родат 2,3 или повеќе деца, рече Спасов.

На денешната трибина ќе се разговара и за актуелните политички случувања. Спасов вели дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните сценарија на опозицијата, туку луѓето ги интересира решавањето на проблемите.

Целото негово гостување погледнете го во продолжение

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега