Јолевски: Само најдобрите ќе станат професионални војници на АРМ

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, посетија неколку работни точки во Центарот за обука „Пепелиште“ и областа на АП Криволак каде што во рамките на Јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија се спроведува селективен курс за вклучување на професионални војници во Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија.

Министерот Јолевски ја искористи можноста да се потсети на својата служба во специјалните единици за време на втората работна точка „Спуштање од мост“. Тој се спушти од мост од висина од 26 метри со специјална алпинистичка опрема.

На огласот објавен од страна на Министерството за Одбрана на Република Македонија за прием на професионални војници во АРМ се пријавија 1050 кандидати. Додека 355 кандидати доброволно се пријавија за прием во специјалните единици на Армијата на Република Македонија и повеќето со успех ја поминаа дополнителната проверка за пливање и одржување на вода што представува дополнителен предуслов за влез на селективниот курс.

Селективниот курс го започнаа 347 кандидати. После 14-тиот ден од 24 дневниот селективен курс, каде моментално се останати 190 кандидати, додека останатите не ги издржаа досегашните проверки и доброволно се откажаа од понатамошната селекција. Доброволно откажаните кандидати се упатуваат дома и се приклучуваат кон групата на кандидати за прием во останатите единици на АРМ.

На селективниот курс имаат земено учество кандидати од различна етничка и родова припадност. Има 14 припаднички на понежниот пол и 36 припадници од етничките заедници.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега