Пристигнаа најлошите вести за оваа недела

 

Времето денеска претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 3 до 10, а дневната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 24 степени

Во вторник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го смени правецот во северен и поради спуштање на посвеж воздух од север, дневната температура ќе опадне за неколку степени..

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега