За што најчесто се бара совет на „Ало докторе“?

 

На телефонската линија за медицински совет од 15 септември кога почна да работи, до вчера имало 33.230 повици

Здравствен дом Скопје соопшти дека од 20 до 26 април за медицински совет на линијата се јавиле 990 граѓани. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 21 доктор, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови и совети за алергиите кои се доста присутни во овој период од годината.

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.

Денеска од 18 до 22 часот на линијата „Ало докторе“ за медицински совет ќе биде достапна директорката на Здравствен Дом Скопје д-р Татјана Баевска-Вучковиќ спец. педијатар, а утре проф.д-р Никола Николовски, директор на Клиниката за уво нос и грло.

На 29 април во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде д-р Слободан Ѓоргиевски од Здравствена станица Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, на 30 април проф.д-р Ќаева Бисерка од Клиниката за пулмологија и алергологија, а на 1 мај д-р. спец.Смиља Туџарова, директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

На 2 мај од 18 до 22 часот достапен за медицински совет ќе биде проф.д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката за урологија, а на 3 мај д-р Милан Ристевски од Институтот за радиотерапија и онкологија.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега