ВМРО-ДПМНЕ: Еве како СДСМ се однесуваше кон бранителите
Денешната прес конференција на СДСМ е срамна и предавничка. Со денешните монтирани, прилепувани и сечени разговори СДСМ покажува дека нема ниту грам чувство на одговорност спрема државата, но и спрема бранителите и сите останати граѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ толку навлезе во манипулации што се самите контрадикторни, секоја лага е спротивна на претходната и секоја нивна наредна теза е понеиздржана. Со монтираните и сечени разговори СДСМ сака еднаш да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ како лесен преговарач, веќе наредниот пат тие обвинуваат за непопусливост. СДСМ еднаш вика дека во државата се се контролирало партиски, а веднаш потоа обвинуваат дека се немало контрола. Тоа покажува дека и СДСМ веќе не знае како да излаже.
Вистината е во она што навистина се случило, во реалните факти и настани кои сите ги паметиме.
СДСМ ќе се памети по:
- расформирањето на единицата Лавови,
- по прогонството на бранителите, нивното јавно понижување,
- по меѓусебното конфронтирање на безбедносните структури,
- СДСМ ќе се памети по единствениот случај во кој што македонската полиција ја принудија да впери оружје кон сопствените колеги, кои во месноста Стенковец си ги бараа своите права, што само ја покажува неразбрливата страст на СДСМ помеѓу себе да се закрвуваат македонците,
- на сцените од пред собранието и пред министерството за внатрешни работи кога жени бранителки кои мирно протестираа беа влечени за коса, а мажите бранители тепани,
- на тоа што СДСМ нечовечки јавно ги исмејуваше и ги понижуваше припадниците на безбедносните сили нарекувајќи ги животинско царство,
- да се потсетиме на бруталното убиство на Диме Ицковски Поштарот,
- на стотиците деградирања на работните места,
- на заканите од Верушевски дека ќе ги беси жените на припадниците на безбедносните сили,
- на монтираните апсењата на припадниците на безбедносните сили чија што режија ја правеа кадрите на СДСМ Зоран Верушевски и Бранко Бојчески при што на малолетните деца на бранителите им беа вперувани пиштоли,
- на бркањето од работа на над 1600 припадници на безбедносните сили,
- на опструкциите и блокадите на безбедносните сили со цел да се жртвуваат војниците и полицајците во критичните региони како на пример Радуша,
- на скандалите од деведесеттите- на чудното самоубиство со два куршуми на полицајката ,на нерасветлените и сомнителни убиства на телохранителите на Глигоров и многу други случаи.
Сите овие случувања се факти и докази кои реално се случиле. Сите го знаат придонесот на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Ова е вистината која сите ја паметиме, а не некакви монтирани, сечени и дообјаснувани работи кои се ставани во одреден манипулативен контекс.
Тоа што СДСМ прибегнува кон вакви манипулации е показател дека нема никаква поддршка од граѓаните, деструктивните политики не се начин на водење политика. Така на власт без програма, проекти и конкретни предлози не се доаѓа. На крајот од денот народот е тој што го има последниот збор. Народот знае да процени, што е добро а што е лошо по државата.
Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









