Груевски: До крајот на годината 250 нови работни места за кичевчани

Премиерот Никола Груевски најави нови 250 работни места за граѓаните на Кичево до крајот на годинава. На денешниот голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Груевски рече дека компанијата КСС веќе ја објави одлуката да инвестира 20 милиони долари кои ќе обезбедат нови 1000 работни места за граѓаните на овој град и околината.
Вработувања и фабрики ќе има и во Кичево! Американската компанија Ки Сејфти Системс која произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија веќе објави одлука да инвестира 20 милиони долари во Кичево и да реализира 1000 нови вработувања. Оваа компанија веќе ги започна подготвителните работи за изградба на својата фабрика во кичевската зона и оваа фабрика се очекува да биде завршена до крајот на оваа година. Она што е битно и сакам да го истакнам е дека моментално компанијата работи во браунфилд халата и има веќе 60 вработувања, а до крајот на годината додека работат таму и додека стане оперативна гринфилд фабриката ќе се вработат уште 250 работници, 250 вработувања за Кичево и кичевско до крајот на годината,а кога фабриката ќе стане оперативна тој број ќе дојде до 1000 работници!!!
Три фабрики и над 3000 нови работни места за овој регион! Тоа се конкретни резултати од нашата работа! Тоа е ВМРО-ДПМНЕ!
Кога сме кај инвестиците би сакал да додадам уште три работи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









